Мирен амбиент, среде природа

Парк „Оаза" претставува прекрасно уреден простор за опуштање, рекреација и уживање на свеж воздух. Дворот е засаден со родни дрвја и збогатен со клупи и патеки за прошетки, создавајќи мирен амбиент што им овозможува секојдневен престој во природа на нашите корисници.

Парк „Оаза" е срцето на нашиот надворешен простор. Засаден со родни дрвја, со уредни патеки за прошетки и удобни клупи за одмор - идеално место за релаксација, социјализација и уживање во свеж воздух. Корисниците го користат паркот за секојдневни прошетки, групни активности и семејни средби.