Фризерски салон
Свеж изглед, поголема самодоверба
За да обезбедиме целосна грижа и лична нега, во нашиот дом функционира модерен фризерски салон. Корисниците можат редовно да уживаат во професионални фризерски услуги, кои го освежуваат нивниот изглед и придонесуваат за чувство на задоволство и самодоверба.
Фризерскиот салон е достапен за сите корисници на Оаза. Професионалниот фризер нуди шишање, стилизирање и нега на коса, прилагодени на желбите и потребите на секој корисник. Посетите се закажуваат редовно за секој корисник.